Безбедносни предупредувања за машина за склопување
- Дисковите за сечење мора да работат најмалку на брзината означена на алатот. Дисковите за сечење што се движат со поголема брзина од наведената, може да излетаат и да предизвикаат повреди.
- Секогаш користете заштита. Заштитата го заштитува операторот од скршените парчиња на дискот за сечење и случаен контакт со истиот.
- Секогаш користете плочести глодала во правилна големина и со соодветен отвор на прифатот. Плочести глодала, што не одговараат на монтажните делови на глодалката, нема да сечат рамно и може да доведат до губење на контролата.
- Ставете го електричниот алат само кога е вклучен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува.
- Не посегајте со дланките во полето на глодање и во глодалката. Со другата рака држете ја дополнителната дршка. Доколку со двете дланки ја држите глодалката, нема да може да се повредите.
- Не глодајте никогаш над метални предмети, клинци и шрафови. Глодалката може да се оштети и да доведе до зголемени вибрации.
- Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување.
- Не користете тапи или оштетени глодалки. Тапите или оштетените глодалки предизвикуваат зголемено триење, може да се заглават и да доведат до нерамнотежа.
- При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и стојте стабилно. Со електричниот апарат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки.
- Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
- Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
- Секогаш користете го електричниот алат со испорачаната помошна рачка. Губењето на контролата може да доведе до повреди.
- Користете ги само алатите за вметнување наведени во ова упатство за користење. Не користете дискови за сечење или кружни сечила за пила.
- Проверете дали е фиксирано плочестото глодало пред да се вклучи.
- Притиснете го копчето за фиксирање на вретеното само доколку електричниот алат е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се оштети.
- Користете го електричниот алат само со вградена заштита од лизгање. Таа обезбедува прецизна работа со електричниот алат.
- При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
- Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
- Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
- Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. |