Одржување и чистење
- Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
По потреба исчистете ги и подмачкајте ги водилките. Притоа користете исклучиво масло коешто не е смолесто (на пр. масло за машина за шиење).
Дополнително затегнување на затегнувачкиот лост
По потреба може да ја подесите затегнувачката сила на затегнувачниот лост (3) и (12). Притоа олабавете го затегнувачкиот лост и одвртете го. Поместете го затегнувачкиот лост најмалку 30° во правец спротивен на стрелките на часовникот и повторно завртете го.