Совети при работењето

При работата, со едната рака држете ја рачката (1), а со другата дополнителната дршка (15).

Процесот на глодање вршете го со константна брзина.

Вертикалната средишна ознака (11) на аголниот и висинскиот граничник ја покажува средината на глодањето (вертикално на плочестото глодало). Максималната ширина на глодање се прикажува преку двете ознаки (10) на граничникот подеслив по висина (9).

При висинското позиционирање помага хоризонталната средишна ознака (6) на основната плоча, којашто ја покажува хоризонталната средина на плочестото глодало.

На куќиштето на електричниот апарат, стрелката (13) го покажува правецот на вртење на плочестото глодало.

На графичките страници ќе најдете примери за следните споеви:

  • Аголни споеви: со аголниот граничник, види слика C, со граничникот подеслив по висина види слика D
  • Споеви под закосен агол: со аголниот граничник, види слика E, со граничникот подеслив по висина види слика F
  • Надолжни и попречни споеви: со аголниот граничник - види слика G, со граничникот подеслив по висина - види слика H
  • Споеви на рамки: види слика I
  • Споеви на средишни ѕидови: види слика J

За солидно поврзување користете што е можно поголема плосната типла (ламели). Bosch нуди соодветни плоснати типли во својата програма на опрема (погледнете ја страната со опрема на крајот од упатството за употреба).

При глодање на делови со дебелина под 16 mm ставете ја насадната плоча (17) на аголниот граничник (18). На тој начин жлебот нема да лежи преблиску до горната страна на делот што се обработува. При пресметката на хоризонталната позиција на глодање внимавајте на дебелината на насадната плоча.

Користете ја насадната плоча (17) и при споеви под закосен агол на тенки делови за обработка, за да не биде предлабок жлебот.

При глодањето на тесни делови за обработка по можност користете го граничникот подеслив по висина (9). Притоа внимавајте ознаките што се наоѓаат на него да лежат на максималната ширина на глодање (10) во делот што се обработува.