Ставање во употреба
- Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Електричниот алат смее да се вклучи, доколку основната плоча (34) е фиксирана со завртката за затворање (33) и сигурносната подлошка (32).
- Пред вклучувањето, проверете дали автоматското враќање на моторната единица функционира беспрекорно. Притиснете го излезот на глодалото на пр. на раб на маса, додека не се види плочестото глодало. Доколку притисокот е опуштен, плочестото глодало мора целосно да се врати во основната плоча.
За вклучување на електричниот апарат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (2) нанапред, а за фиксирање притиснете го нанапред надолу.
За исклучување на електричниот апарат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) наназад, така што тој ќе отскокне во првобитната позиција.