Дополнителна рачка (види слика A)
- Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (7).
Дополнителната рачка (7) може да ја вртите по желба, за да може безбедно и неуморно да работите.
Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (7) во правец спротивно на стрелките од часовникот и навалете ја (7) во саканата позиција. Потоа повторно зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка (7) во правец на стрелките од часовникот.
Подесување на длабочината на дупчење
(види слика A)
Со граничникот за длабочина (8) може да се утврди длабочината на дупчење X.
Свртете го долниот дел на дополнителната рачка (7) во правец спротивен на стрелките на часовникот и поставете го граничникот за длабочина (8).
Извлечете го граничникот за длабочина (8) до степен што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина (8) ќе одговара на саканата длабочина на дупчење X.
Потоа повторно зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка (7) во правец на стрелките од часовникот.
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (8) мора да покажува нагоре.