Начини на работа
- Подесете ја длабочината на сечење на дебелината на делот што се обработува. Под делот што се обработува, треба да биде видливо помалку од полната висина на запците.
Олабавете го затезната рачка (26). За помала длабочина на сечење тргнете ја пилата од основната плоча (5), а за поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча (5). Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина на сечење. Повторно цврсто стегнете го затезната рачка (26).
Затезната сила на затезната рачка (26) може дополнително да се подеси. Притоа одвртете ја затезната рачка (26) и повторно затегнете ја поместена за најмалку 30° во правец спротивен на стрелките на часовникот.
Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна на заштитниот капак (15).
Олабавете ја пеперутка-завртката (7). Навалете ја пилата странично. Подесете ја саканата димензија на скалата (8). Повторно затегнете ја пеперутка-завртката (7).
Напомена: При сечење со закосување длабочината на сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за подесување на длабочината на сечење (27).
Ознаката за сечење 0° (10) ја прикажува позицијата на сечилото за пила при правоаголно сечење. Ознаката за сечење 45° (9) ја прикажува позицијата на сечилото за пила при сечење под агол од 45°.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што се обработува како што е прикажано на сликата. Најдобро е да направите пробен рез.