Менување на брусните листови
Пред да ставите ново брусно сечило, отстранете ги нечистотијата и правта од брусната плоча (3), на пр. со четкичка.
За овозможување на оптимално всисување на прав, внимавајте на тоа, отворите на брусното сечило да одговараат со отворите на основната брусна плоча.
Брусни листови без леплива лента (види слики A–C)
❶ | Олабавете го затезниот стремен (4) од механизмот за фиксирање и навалете го надолу. |
❷ | Вметнете го брусниот лист (5) под задниот терминален блок (2). Внимавајте брусниот лист (5) да не е прекраток и да биде правилно прицврстен. Навалете го затезниот стремен (4) назад во излезната позиција и фиксирајте го таму. |
❸ | Брусниот лист поставете го цврсто околу брусната плоча(3). Прицврстете го предниот дел на брусната плоча под предниот терминален блок (6). Внимавајте брусниот лист (5) да не е прекраток и да биде правилно прицврстен. Навалете го затезниот стремен (4) назад во излезната позиција и фиксирајте го таму. |
За да го извадите брусниот лист (5) олабавете ги двата затезни стремени (4) и извлечете го брусниот лист од неговиот држач.
Неиздупчените брусни листови, на пр. материјали во ролни или метарски материјали, може да ги издупчите со алатот за дупчење (11) за всисување на прав. Електричниот алат со монтиран брусен лист притиснете го на алатот за дупчење (види слика D).
Избор на лист за брусење
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот на стругање, на располагање ви се различни брусни листови:
Гранулација | ||
---|---|---|
За обработка на сите дрвени материјали | 40 – 240 | |
За претходно брусење, на пр. за груби нерендани греди и даски | грубо | 40, 60 |
За рамно брусење и израмнување на мали нерамнини | среден | 80, 120 |
За завршно и фино брусење на цврсти дрва | фино | 180, 240 |
За обработка на обоени/лакирани слоеви одн. подлоги, како маса за полнење и шпахтел маса | 40 – 240 | |
За брусење на боја | грубо | 40, 60 |
За брусење на основната боја | среден | 80, 120 |
За крајно брусење на основната боја пред лакирање | фино | 180, 240 |