Монтирање на опремата на дувалка (види слики A1A3)

Можностите за комбинирање на различните делови од опремата на дувалката може да ги видите на сликата.

Монтирање на цевка за собирање на прав

При издувување од отворите за дупчење се издувуваат остатоците од дупчење во правец на операторот. Притоа се препорачува, над млазницата за отворот за дупчење (10) да се монтира цевката за собирање на прав (11).

  • Вдлабнатините (13) од цевката за собирање на прав (11) ставете ги врз надворешната бајонет-завртка (12) на млазницата за отворот за дупчење (10).
  • Завртете ја цевката за собирање на прав (11) за една четвртина во правец на стрелките на часовникот.