Приказ на состојбата на наполнетост
Приказот за состојбата на наполнетост (3) при вклучен мерен уред ја прикажува актуелната состојба на наполнетост на литиум-јонскиот батериски пакет или на батериите.
Ако литиум-јонскиот батериски пакет или батериите ослабуваат, светлоста на ласерските линии полека се намалува.
Ако литиум-јонскиот батериски пакет или батериите се скоро испразнети, тогаш приказот за состојба на наполнетост (3) трепка постојано. Ласерските линии трепкаат на секои 5 min по 5 s.
Ако литиум-јонскиот батериски пакет или батериите се празни, ласерските линии и приказот за состојба на наполнетост (3) трепкаат уште еднаш, пред да се исклучи мерниот уред.