Вртење на главната рачка

Главната рачка (36) може да се врти за 90° налево или надесно кон куќиштето на моторот. Притоа, прекинувачот за вклучување/исклучување може да се постави во поповолна позиција при изведување на посебни случаи на работа, на пр. сечење со капак за всисување со лизгачка водилка (21)/(35) или за левучари.

Притиснете ја деблокадата на дршката (37), за да ја отклучите главната рачка (36) и истовремено вртете ја главната рачка (36) во саканата позиција, додека не се вклопи.