Проверка и подесување на основните поставки

За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.

Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.

  • Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
  • Свртете ја масата за сечење (10) до жлебот (45) за 0°. Лостот (12) мора осетно да се вклопи во жлебот.
  • Отклопете ја граничната водилка на склопување (16).

Проверка (види слика P1)

  • Поставете го аголниот триаголник (48) со агол од 90° на исто ниво со сечилото на пилата (39) помеѓу граничната водилка (8) и сечилото за пилата на масата за пилата (10).

Кракот од аголниот триаголник мора да биде на исто ниво со граничната водилка по целата должина.

Подесување (види слика P2)

  • Олабавете ги сите завртки со внатрешна шестаголна глава (49) со испорачаниот внатрешен шестаголен клуч (28).
  • Свртете ја граничната водилка (8) додека аголниот триаголник не лежи прецизно по целата должина.
  • Повторно затегнете ги завртките.

  • Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
  • Свртете ја масата за пила (10) до жлебот (45) за 0°. Рачката (12) мора осетно да се вклопи во жлебот.

Проверка (види слика Q1)

  • Поставете го аголниот триаголник (48) со агол од 90° на исто ниво со сечилото на пилата (39) помеѓу масата за пилата (10) и сечилото за пилата на масата за пилата (10).

Кракот од аголниот триаголник мора да биде на исто ниво со сечилото за пила (39) по целата должина.

Подесување (види слика Q2)

  • Олабавете ја затезната завртка (24).
  • Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (50) со обичен окаст или вилушкаст клуч.
  • Завртете ја завртката-граничник навнатре или нанадвор додека кракот од аголниот триаголник не е рамен по целата должина со сечилото за пила.
  • Повторно затегнете ја затезната навртка (24).
  • Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничникот (50).

Доколку по подесувањето агломерот (30) не е во линија со 0°-ознаката на скалата (31) олабавете ја завртката (52) со обичен крстест одвртувач и насочете го агломерот по должина на 0°-ознаката. (види слика S)

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Свртете ја масата за сечење (10) до жлебот (45) за 0°. Лостот (12) мора осетно да се вклопи во жлебот.
  • Олабавете ја затезната завртка (24) и навалете ја рачката на алатот со дршката (4) до крај кон лево (45°).

Проверка (види слика R1)

  • Поставете го аголниот триаголник (48) со агол од 45° на исто ниво со сечилото на пилата (39) помеѓу масата за пилата (10) и сечилото за пилата на масата за пилата (10).

Кракот од аголниот триаголник мора да биде на исто ниво со сечилото за пила (39) по целата должина.

Подесување (види слика R2)

  • Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (51) со обичен окаст или вилушкаст клуч.
  • Завртете ја завртката-граничник навнатре или нанадвор додека кракот од аголниот триаголник не е рамен по целата должина со сечилото за пила.
  • Повторно затегнете ја затезната навртка (24).
  • Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничникот (51).

Доколку агломерот (30) по подесувањето не е во иста линија со 45° ознаката на скалата (31), најпрво проверете ја повторно 0° поставката за вертикалниот агол на закосување и агломерот. Потоа повторете го подесувањето за вертикалниот 45°-агол на закосување.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Олабавете ја затезната завртка (24).
  • Поставете еден вертикален агол на закосување со рачката на алатот од 0°.
  • Повторно затегнете ја затезната навртка (24).

Проверка

Агломерот (30) мора да биде во една линија со 0°-ознаката на скалата (31).

Подесување

  • Олабавете ја завртката (52) со крстест одвртувач и центрирајте го агломерот по должина на 0°-ознаката.
  • Повторно зацврстете ја завртката.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Свртете ја масата за пила (10) до жлебот (45) за 0°. Лостот (12) мора осетно да се вклопи во жлебот.

Проверка

Агломерот (13) мора да биде во една линија со 0°-ознаката на скалата (14).

Подесување

  • Олабавете ја завртката (53) со крстест одвртувач и центрирајте го агломерот по должина на 0°-ознаката.
  • Повторно зацврстете ја завртката.