Совети при работењето
Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на сечилото за пила. Притоа, делот што се обработува може точно да го позиционирате за сечење, без да го отворате осцилаторниот заштитен капак.
- За тоа, вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот (20).
- Насочете ги ознаките на делот што се обработува на десниот раб на линијата на ласерот.
Напомена: пред сечењето, проверете дали линијата на сечење е точно прикажана. Ласерскиот зрак може да се помести на пр. со вибрации при интензивна употреба.
Максимални делови за обработка:
Хоризонтален агол на закосување | Вертикален агол на закосување | Висина x ширина [mm] | |
---|---|---|---|
при макс. висина | при макс. ширина | ||
0° | 0° | 90 x 90 | 65 x 130 |
0° | 45° | 60 x 93 | 45 x 130 |
45° (лево/десно) | 0° | 90 x 63 | 65 x 91 |
45° (лево) | 45° | 55 x 70 | 35 x 91 |
45° (десно) | 45° | 55 x 70 | 45 x 91 |
Минимални делови за обработка (= сите делови што се обработуваат, што може да се затегнат со испорачаната столарска стега (15) лево или десно од сечилото за пила): 130 x 50 mm (должина х ширина)
Максимална длабочина на резот (0°/0°): 90 mm
За едноставно сечење на делови со еднаква должина може да го употребите граничникот за должина (35).
- Олабавете ја завртката за блокирање (33) и поместете го граничникот за должина (35) на шината-водилка (32) на саканата должина на делот што се обработува.
- Повторно затегнете ја завртката за блокирање (33).
Подолги делови за обработка:
- Олабавете ја пеперутка-завртката (34) и извлечете ја шината-водилка (32) нанадвор до крај.
- Повторно затегнете ја пеперутка-завртката (34).
- Поставете го граничникот за должина (35) на саканата должина на делот што се обработува.
Сечење без граничник за должина:
- Олабавете ја завртката за блокирање (33) и поместете го граничникот за должина (35) на шината-водилка (32) целосно нанадвор.
- Свртете го граничникот за должина за 90°, така што ќе налегне со гранична водилка (8).
- Повторно затегнете ја завртката за блокирање (33).
Плочата за вметнување (36) може да се истроши по подолга употреба на електричниот алат.
Променете ја дефектната плоча за вметнување.
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Одвртете ги завртките (46) со обичен крстест одвртувач и извадете ја старата плоча за вметнување (36).
- Ставете ја новата плоча за вметнување и повторно затегнете ги завртките (46).