Отстранување дефекти
Проблем | Причина | Помош |
---|---|---|
Турбината за всисување не работи. | Батеријата (31) е празна | Наполнете ја или заменете ја батеријата |
Заштитата од рестартирање е активирана | Свртете го прекинувачот за вклучување/исклучување прво во позиција 0, потоа во позиција 1 | |
Прекинувачот за вклучување/исклучување (14) е на позиција , но не е поврзан модулот на предавател GCT … | Свртете го прекинувачот за вклучување/исклучување на позиција 1 | |
Турбината за всисување се исклучува. | Садот (12) е полн | Испразнете го садот |
Турбината за всисување повторно не работи и по празнењето на садот. | Потребно е да се ресетира | Исклучете го всисувачот, извадете ја батеријата (31), почекајте 5 секунди, вратете ја батеријата и вклучете го всисувачот |
Всисувачот се исклучува предоцна со функцијата за автоматско стартување. | Времето на завршување е долго | Ставете пократко време на завршување во апликацијата Bosch Toolbox (најкратко време: 6 s) |
Се губи силата на всисување. | Пластичната ќеса (36) е полна | Сменете ја ќесата |
Млазницата, цевката (29) или цревото за всисување (20) се затнати | Отстранете ги блокадите | |
Главниот филтер (32) е нечист или дефектен | Рачно исчистете го или променете го главниот филтер | |
Главниот филтер (32) не е вметнат во својот држач (35) | Правилно вметнете го главниот филтер | |
Горниот дел од всисувачот (15) не е правилно поставен | Правилно поставете го горниот дел на всисувачот и затворете ги капачињата (13) | |
Излегува прашина при всисувањето суви материи | Главниот филтер (32) е грешно вграден | Проверете го правилното вградување на главниот филтер |
Главниот филтер (32) е дефектен | Заменете го главниот филтер | |
Истекува вода при всисувањето влажни материи | Пловката (44) е блокирана | Постојано проверувајте го нивото на полнење и испразнете го садот (12) навреме Избришете ја корпата за пловка со влажна крпа, исчистете ја пловката со нежно тресење на всисувачот Во случај на посериозна контаминација на пловката и корпата за пловка, контактирајте со овластена Bosch сервисна служба. |
Се активира предупредувањето за температура (статусната лента (2) светнува црвено) | Батеријата (31) или моторот се прегреани | Исклучете го всисувачот, извадете ја батеријата, оставете ја батеријата и всисувачот да се изладат |
Се активира алармот за проток на воздух (приказ на алармот за проток на воздух (1) трепка жолто) | Следете ги упатствата во соодветниот дел види Аларм за проток на воздух. | |
Рачното чистење на филтерот не може да се активира. | Контактирајте со овластена Bosch сервисна служба. | |
Електростатичко празнење | Дисипацијата на електростатичкото полнење е прекината | Погрижете се цревото за всисување (20) секогаш да ја допира земјата за време на работата. Проверете го правилниот контакт на пружината (51) со држачот за ќеса (33). Доколку е потребно, поправете го прицврстувачот на држачот за ќеса види Поправка на прицврстувачот на држачот за ќеса (види слика R). |