Одржување и чистење
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
- Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.
Подмачкување на електричниот алат
Електричниот алат се подмачкува со маст и веднаш е подготвен за употреба.
Менувањето на маста за подмачкување е потребно само во рамки на одржување или поправка од страна на овластена сервисна служба за Bosch-електрични апарати. Притоа неопходно е да се употребува маст за подмачкување од Bosch.
При секое менување на карбонските четки потребно е менување на маста за подмачкување. Пред да се нанесе ново масло, мора да се отстрани старото масло.