Далечинско управување преку „Bosch Levelling Remote App“
Мерниот уред е опремен со Bluetooth®-модул, којшто со помош на безжична технологија дозволува далечинско управување со помош на паметен телефон со Bluetooth®-интерфејс.
За користење на оваа функција потребна е апликацијата (App) „Bosch Levelling Remote App“. Неа можете да ја преземете од соодветниот App-Store во зависност од крајниот уред (Apple App Store, Google Play Store).
Информации за потребните системски предуслови за Bluetooth®-врска ќе најдете на интернет страната на Bosch на www.bosch-pt.com.
При далечинско управување со помош на Bluetooth® може да настанат временски одложувања помеѓу мобилниот и мерниот уред поради лоши услови за прием.
Воспоставете/прекинете врска со мобилниот краен уред
По вклучувањето на мерниот уред, функцијата Bluetooth® секогаш е исклучена.
Вклучете ја функцијата Bluetooth® за далечинско управување:
- Притиснете го кратко копчето Bluetooth® (2). Копчето полека трепка за потврда.
- Ако мерниот уред веќе бил поврзан со мобилен краен уред и овој мобилен краен уред е во домет (со активиран интерфејс Bluetooth®), тогаш врската со овој мобилен краен уред автоматски се воспоставува повторно. Поврзувањето успешно се воспоставува, кога копчето Bluetooth® (2) свети непрекинато.
Врската преку Bluetooth® може да се прекине поради големото растојание или пречки помеѓу мерниот и мобилниот уред, како и поради електромагнетски извори на пречки. Во овој случај трепка копчето Bluetooth® (2).
Повторно воспоставување врска (првично поврзување или поврзување со друг мобилен краен уред):
- Проверете дали интерфејсот Bluetooth® е активиран на мобилниот краен уред и дали Bluetooth® е вклучен на мерниот уред.
- Старувајте го Bosch Levelling Remote App. Доколку се пронајдени повеќе активни мерни уреди, изберете го соодветниот мерен уред.
- Притиснете го копчето Bluetooth® (2) на мерниот уред и држете го додека копчето не трепка брзо.
- Потврдете ја врската на вашиот мобилен уред.
- Поврзувањето успешно се воспоставува, кога копчето Bluetooth® (2) свети непрекинато.
- Ако не е можно поврзување, копчето Bluetooth® (2) продолжува брзо да трепка.
Функцијата Bluetooth® исклучете ја:
Накратко притиснете го копчето Bluetooth® (2), за да се исклучи или исклучете го мерниот уред.
Ажурирање на софтвер за мерниот уред
Ако е достапно ажурирање на софтверот за мерниот уред, се појавува известување во Bosch Levelling Remote App. За да го инсталирате ажурирањето, следете ги упатствата во апликацијата.
За време на ажурирањето, копчето Bluetooth® (2) трепка брзо. Сите други копчиња се деактивирани и ласерските линии се исклучуваат додека ажурирањето не биде успешно инсталирано.