Монтирање на брусни алати

Исчистете го вретеното за брусење (21) и сите делови за монтирање.

За зацврстување и олабавување на брусните алати притиснете го копчето за блокирање на вретеното (2), за да го зацврстите вретеното за брусење.

Брусни плочи/брусни плочи за сечење

Монтажа со затезна навртка (17) и брзозатезна навртка (18)

Внимавајте на димензиите на алатите за брусење. Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната прирабница. Не користете адаптери или редуктори.

При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).

Редоследот на монтажата може да се види на графичката страница.

За зацврстување на брусната плоча/дискот за сечење завртете ја затезната навртка (17) и затегнете ја со клуч со два отвора види Брзозатезна навртка .

Во приклучната прирабница (10) околу венецот за центрирање е ставен пластичен дел (O-прстен). Доколку недостига O-прстенот или е оштетен, приклучната прирабница (10) мора да се замени пред понатамошна употреба.