Функции

Во режимот CenterFind мерниот уред автоматски се обидува да се израмни со средишната линија на ласерскиот приемник со движење на ротационата глава на ласерскиот зрак нагоре-надолу. Ласерскиот зрак може да се израмни со X или Y‑оската на мерниот уред.

Режимот CenterFind стартува на ласерскиот приемник. Притоа читајте го и внимавајте на упатството за користење на ласерскиот приемник.

За време на пребарувањето се појавува ознаката CenterFind за едната или за двете оски на екранот на мерниот уред и приказот за статус (12) трепка црвено.

Ако ласерскиот зрак може да се израмни со средишната линија на ласерскиот приемник, режимот CenterFind автоматски завршува и пронајдената косина се прикажува на почетниот екран.

Ако ласерскиот зрак не може да се израмни со средишната линија на ласерскиот приемник, ротацијата на ласерскиот зрак прекинува и на екранот се појавува порака за грешка. Притиснете на некое копче за да ја затворите пораката за грешка. Соодветната оска повторно се израмнува на 0 %.

Проверете дали мерниот уред и ласерскиот приемник се правилно поставени и стартувајте го одново режимот. Ласерскиот приемник мора се наоѓа во поле на навалување ±8,5 % на мерниот уред.

Напомена: При користење на режимот CenterFind, може да се промени поставката за двете оски иако едната оската не е израмнета на ласерскиот приемник.

Во режимот CenterLock, мерниот уред автоматски се обидува да се израмни со средишната линија на ласерскиот приемник со движење на ротационата глава на ласерскиот зрак нагоре-надолу. За разлика од режимот CenterFind, положбата на ласерскиот приемник постојано се проверува и косината на мерниот уред автоматски се прилагодува. Вредностите на косина не се прикажуваат на екранот.

  • При работа со режимот CenterLock задолжително внимавајте мерниот уред и ласерскиот приемник да не се движат неконтролирано. Со автоматското прилагодување на косината при секоја промена на позицијата може да настанат погрешни мерења.

Ласерскиот зрак може да се израмни со X или Y‑оската на мерниот уред.

Режимот CenterLock стартува и завршува на ласерскиот приемник. Притоа читајте го и внимавајте на упатството за користење на ласерскиот приемник.

За време на пребарувањето се појавува ознаката CenterLock за едната или за двете оски на екранот на мерниот уред и приказот за статус (12) трепка црвено.

Ако ласерскиот зрак може да се израмни со средишната линија на ласерскиот приемник, ознаката за едната одн. за двете оски се појавува на почетниот екран CenterLock. Вредностите на косина не се прикажуваат.

Ако ласерскиот зрак не може да се израмни со средишната линија на ласерскиот приемник, ротацијата на ласерскиот зрак прекинува и на екранот се појавува порака за грешка. Притиснете на некое копче за да ја затворите пораката за грешка. Соодветната оска повторно се израмнува на 0 %.

Проверете дали мерниот уред и ласерскиот приемник се правилно поставени и стартувајте го одново режимот. Ласерскиот приемник мора се наоѓа во поле на навалување ±8,5 % на мерниот уред.

Напомена: При користење на режимот CenterLock, може да се промени поставката за двете оски иако едната оската не е израмнета на ласерскиот приемник.

Во ротациониот режим можете да го исклучите варијабилниот ласерски зрак (8) за еден или повеќе квадранти на ротационото ниво. Ова овозможува да се ограничи изложеноста на ласерското зрачење на одредени области. Покрај тоа, може да се избегне дефектот на други уреди со ласерски зрак или дефектот на ласерски приемник со несакани рефлексии.

Исклучувањето на одделни квадранти може да се контролира само со помош на Bosch Levelling Remote App. Квадрантите во кои е видлив ласерскиот зрак, се препознаваат во приказот за режим на работа на ласерот (a) на почетниот екран.