Безбедносни напомени за уред за всисување
- Прочитајте и строго почитувајте ги безбедносните напомени од упатството за работа на електричниот алат што се користи со уредот за всисување.
- Отстранете ја батеријата од електричниот алат пред да вршите каква било работа (на пр. монтажа, промена на алат, чистење итн.). При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Внимание опасност од пожар! Не обработувајте метални материјали со монтиран уред за всисување. Жешките метални струготини може да ги запалат деловите на контејнерот за прав.
- Носете штитници за уши. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот.
- Почитувајте ги важечките национални и меѓународни стандарди.