Ставање во употреба
- Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.
- Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира и направете проверка за точноста секогаш пред да продолжите со работа види Контрола на точноста на мерниот уред.
При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
- Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш извршете контрола на точноста види Контрола на точноста на мерниот уред.
- Исклучете го мерниот уред за време на транспортот. При исклучувањето, се блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во позиција „ On“ (за работење со осцилаторна блокада) или во позиција „ On“ (за работење со автоматика за нивелирање). Приказот за статус (7) светнува. Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта ласерски линии од излезните отвори (1).
- Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во позиција „Off“. Приказот за статус (7) се губи. При исклучување, осцилирачката единица се блокира.
- Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
При надминување на највисоката дозволена работна температура од 50 °C се исклучува заради заштита на ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.
Автоматика на исклучување
Доколку околу 120 мин. не се притисне ниедно копче на мерниот уред, тој се исклучува автоматски заради заштита на батериите.
За повторно да го вклучите мерниот уред по автоматското исклучување, може или прво да го ставите прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во позиција „Off“ и потоа повторно да го вклучите мерниот уред, или еднаш да го притиснете копчето вертикален режим (5) или копчето хоризонтален режим (6).
За да ја деактивирате автоматиката за исклучување, држете го притиснато копчето за хоризонтален режим (6) (при вклучен мерен уред) најмалку 3 s. Доколку автоматиката за исклучување е деактивирана, ласерските линии кратко трепкаат за потврда.
Напомена: Ако работната температура ја надминува 45 °C, автоматиката за исклучување не може да се деактивира.
За да го активирате автоматското исклучување, исклучете го мерниот уред и повторно вклучете го.