Ставање во употреба
- За вклучување на електричниот алат најпрво ставете ја блокадата при вклучување (7) на средина и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) и држете го притиснат.
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (8) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.
- Секогаш затегнете ги копчето за фиксирање (22) и затегнувачкиот лост (34) пред сечењето. Инаку сечилото за пила може да се заглави во делот што се обработува.