Совети при работењето

Двата ласерски зрака Ви ја покажуваат ширината на сечење на сечилото за пила. Притоа, делот што се обработува може точно да го позиционирате за сечење, без да го отворате осцилаторниот заштитен капак.

  • Вклучете ги ласерските зраци со копчето Вклучување/исклучување на ласер/работно светло (54).
  • Израмнете ја Вашата ознака на делот за обработка помеѓу двете ласерски линии.

Напомена: Пред сечењето, проверете дали ширината на сечење е точно прикажана. Ласерските зраци може да се поместат на пр. со вибрации при интензивна употреба.

Максимални делови за обработка:

Хоризонтален агол на закосување

Вертикален агол на закосување

Висина [mm]

Ширина [mm]

70

300

65

312

45° (десно)

20

310

45° (лево)

45

306

45° (десно/лево)

65

214

60° (десно)

70

150

60° (десно)

45° (лево)

40

150

60° (десно)

45° (десно)

20

150

52° (лево)

70

190

45° (лево)

45° (лево)

40

214

45° (лево)

45° (десно)

20

214

45° (десно)

45° (лево)

40

214

45° (десно)

45° (десно)

20

214

Минимални делови за обработка (= сите делови што се обработуваат, што може да се затегнат со столарска стега (30) лево или десно од сечилото за пила): 100 x 40 mm (должина x ширина)

макс. длабочина на резот (0°/0°): 70 mm

Граничникот за длабочина мора да се помести, доколку сакате да исечете жлеб.

  • Свртете го граничникот за длабочина (35) кон надвор.
  • Навалете ја рачката на апаратот на дршката (9) во саканата позиција.
  • Свртете ја завртката за подесување (4), додека крајот на завртката не го допре граничникот за длабочинa (35).
  • Полека водете ја рачката на алатот нагоре.

За едноставно сечење на исти делови можете да го користите граничникот за должина (46) (опрема).

Граничникот за должина можете да го монтирате на двете страни на продолжетокот на масата за пила (14).

  • Олабавете ја завртката за блокирање (47) и преклопете го граничникот за должина (46) над завртката за затегање (48).
  • Повторно затегнете ја завртката за блокирање (47).
  • Поставете го продолжетокот на масата за пила (14) на саканата должина.

При сечење на свиткани или тркалезни делови за обработка, мора добро да ги обезбедите од лизгање. На линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу делот што се обработува, граничната водилка и масата за пила.

Доколку е потребно, мора да направите специјални држачи.

Црвените плочи за вметнување (20) може да го истрошат електричниот алат по подолга употреба.

Заменете ја дефектната плоча за вметнување.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Одвртете ги завртките (66) со клуч со внатрешна шестаголна глава (5 mm) (44) и извадете ги старите плочи за вметнување.
  • Ставете ја новата десна плоча за вметнување.
  • Прицврстете ја плочата за вметнување со завртките (66) што е можно по десно, така што по целата должина на можното повлекување на сечилото за пила нема да дојде во контакт со плочата за вметнување.
  • Повторете ги работните чекори аналогно за новата лева плоча за вметнување.