Фиксна или флексибилна монтажа
- За да се овозможи безбедно ракување, електричниот алат мора да се монтира пред употребата на рамна и стабилна работна површина (на пр. работна клупа).
GTA-работните маси на Bosch му нудат стабилност на електричниот алат на секоја подлога со помош на ногарките што се подесливи во висина. Подлогите за делот што се обработува на работната маса служат како потпора на подолгите делови за обработка.
- Прочитајте ги сите напомени за предупредување и упатства што се приложени на работната маса. Грешките настанати при непридржување до напомените за предупредување и упатствата може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
- Монтирајте ја правилно работната маса, пред да го монтирате електричниот алат. Беспрекорната монтажа е важна за избегнување на ризикот од расклопување.
- Монтирајте го електричниот алат во транспортна положба на работната маса.
Доколку, во исклучителни случаи, не е возможно да го монтирате електричниот алат на рамна и стабилна работна подлога, може привремено да го поставите со заштита од превртување.
- Без заштитата од превртување, електричниот алат нема да биде стабилен и може да се преврти при сечење на максимални хоризонтални и/или вертикални агли на закосување.
- Свртете ја заштитата од превртување (24) навнатре или нанадвор додека електричниот алат не застане рамно на работната површина.