Ставање во употреба

GGS 30 LS

За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) нанапред.

За фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (5) притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) нанапред надолу додека не се вклопи.

За да го исклучите, електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) наназад надолу и потоа отпуштете го.

GGS 30 LPS

За ставање во употреба на електричниот алат, притиснете ја најпрво блокадата при вклучување (12) наназад и на крај притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (11) и држете го притиснат.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (11).

Константната електроника држи постојан број на вртежи при празен од и оптоварување и овозможува иста постојана јачина при работењето.

Со копчето за подесување на бројот на вртежи (6) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот.

Потребниот број на вртежи зависи од материјалот којшто треба да се обработи и дијаметарот на алатот што се вметнува. Придржувајте се кон максимално дозволениот број на вртежи на алатот за вметнување.

При максимална брзина, максималниот дозволен дијаметар на додатокот е 40 mm.

Ако користите додатоци со дијаметар од 50 mm, внимавајте брзината да не надминува 30000 min–1.

Позиција на копчето за подесување

Број на вртежи во празен од (min–1)

1

7000

2

9500

3

15000

4

19000

5

25000

6

33000

При ненадејна пречка на електричниот алат, на пр. блокирање на резот при глодање, доводот на струја до моторот електронски ќе се прекине.

За повторно вклучување ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5)/(11) во исклучена позиција и одново вклучете го електричниот алат.

Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на струја.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5)/(11) во исклучена позиција и одново вклучете го електричниот алат.

Напомена: при брзо исклучување и вклучување може да се активира заштитата од рестартирање и електричниот алат да не стартува со работа и покрај активираниот прекинувач за вклучување/исклучување (5)/(11). Прекинувачот за вклучување/исклучување (5)/(11) ставете го во исклучена позиција и одново вклучете го електричниот алат.

Електронскиот фин старт го ограничува вртежниот момент при вклучување и го зголемува рокот на траење на моторот.