Совети при работењето
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- Заштитете ги брусните алати од удари.
- Не го оптоварувајте многу електричниот алат, додека не дојде во состојба на мирување.
- По силното оптоварување, оставете го електричниот алат уште неколку минути во празен од, за да се излади.
- Брусните тела за време на работењето стануваат многу жешки. Не допирајте ги пред да се оладат.
Движете го брусното тело напред-назад со рамномерен лесен притисок, за да постигнете оптимални работни резултати. Преголемиот притисок го намалува учинокот на електричниот апарат и резултира со брзо изабување на брусното тело.