Вметнување/замена на сечилото за пилата
- При ставање или при замена на електричниот алат носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување се остри и може да се загреат при подолга употреба.
- При менувањето на сечилата за пила внимавајте на тоа, на прифатот за сечило за пила да нема остатоци од материјал, на пр. дрвени или метални струготини.
Притиснете го сечилото за пила (1) силно во прифатот за сечило за пила (4), додека не слушнете да се вклопи. Притоа чаурата за блокирање (3) се врти за околу 90° и го блокира сечилото за пила.
Доколку сечилото за пила (1) не се блокира, свртете ја чаурата за блокирање (3) за околу 90° во правец на стрелката, додека не се блокира во отворена позиција и не се слушне кликнување. Потоа уште еднаш притиснете го сечилото за пила во прифатот за сечило за пила (4).
- Со влечење проверете дали е зацврстено сечилото за пилата. Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и да Ве повреди.
За одредени работи, сечилото за пила (1) може да се сврти за 180° (запците покажуваат нагоре) и повторно да се стави.