Менување на брусните листови
Пред да ставите ново брусно сечило, отстранете ги нечистотијата и правта од брусната плоча , на пр. со четкичка.
За овозможување на оптимално всисување на прав, внимавајте на тоа, отворите на брусното сечило да одговараат со отворите на основната брусна плоча.
Брусни листови со леплива лента (види слика B)
Ако брусната плоча е опремена со леплива лента, брусните листови можете брзо и едноставно да ги прицврстите со лепливата лента.
Истресете ја леплива лента од брусната плоча пред да ја наместите на брусниот лист (18), за да овозможите добро слепување.
Брусниот лист (18) ставете го израмнето на едната страна од брусната плоча , потоа поставете го брусниот лист на брусната плоча и притиснете го добро.
За вадење на брусниот лист (18) фатете го за врвот и извлечете го од брусната плоча .
Брусни листови без леплива лента (види слики C–E)
❶ | Олабавете го затезниот стремен (20) од механизмот за фиксирање и навалете го надолу. |
❷ | Вметнете го брусниот лист (18) под задниот терминален блок (21). Внимавајте брусниот лист (18) да не е прекраток и да биде правилно прицврстен. Навалете го затезниот стремен (20) назад во излезната позиција и фиксирајте го таму. |
❸ | Брусниот лист поставете го цврсто околу брусната плоча. Прицврстете го предниот дел на брусната плоча под предниот терминален блок (19). Внимавајте брусниот лист (18) да не е прекраток и да биде правилно прицврстен. Навалете го затезниот стремен (20) назад во излезната позиција и фиксирајте го таму. |
Неиздупчените брусни листови, на пр. материјали во ролни или метарски материјали, може да ги издупчите со алатот за дупчење (26) за всисување на прав. Електричниот алат со монтиран брусен лист притиснете го на алатот за дупчење (види слика J).
За да го извадите брусниот лист (18) олабавете ги двата затезни стремени (20) и извлечете го брусниот лист од неговиот држач.