Одржување и чистење
Мерниот алат складирајте го и транспортирајте го само во соодветен сад или во оригиналното пакување. Не лепете налепници во близина на сензорот на мерниот алат.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред. Нечист инфрацрвен сензор (16) може да влијае на точноста при мерењето.
При чистењето во мерниот алат не смее да навлезе течност.
Не се обидувајте да отстраните нечистотија со остри предмети од инфрацрвениот сензор (16) или камерата (15). Не ги бришете инфрацрвениот сензор и камерата (опасност од гребнатини).
Доколку сакате повторно да го калибрирате Вашиот мерен уред, контактирајте овластена сервисна служба на Bosch.
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот алат во оригиналното пакување.
Вградената копчеста батерија може да се извади за фрлање само од страна на стручен персонал.
На мерниот уред нема делови што може да се сервисираат од корисникот. Со отворање на поклопецот на куќиштето, мерниот уред може да се уништи.