Промена на алат

Држете ја цврсто задната чаура (3) на брзозатегнувачката глава за дупчење (1) и свртете ја предната чаура (2) во правец на вртење ➊, додека не се вметне алатот. Вметнете го алатот.

Држете ја цврсто задната чаура (3) на брзозатезната глава за дупчење (1), а предната чаура (2) свртете ја цврсто со рака во правец на вртење ➋ додека целосно не се вклопи. Со тоа, главата автоматски се заклучува.

Заклучувањето повторно се ослободува, откако ќе ја свртите преданата чаура (2) во спротивен правец за да го извадите алатот.

Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (13), додека не се отвори за да може да вметне алатот. Вметнете го алатот.

Клучот за затегнување на главата за дупчење (12) ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за дупчење (13) и рамномерно затегнете го алатот.

При користење на битови за одвртувачот (15) секогаш треба да користите универзален држач за битови (14). Користете само битови што се соодветни на главата за навртување.

За навртување секогаш поставувајте го прекинувачот „Дупчење/ударно дупчење“ (4) на ознаката „Дупчење“.