Употреба
- Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.
- Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го вклучите. При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред и приказот на екранот може да се нарушат.
- Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силните надворешни влијанија и при девијации во функционалноста, мерниот уред треба да се провери во овластена сервисна служба на Bosch.
- Држете го мерниот уред само на предвидени површини за држење (8) за да не влијае на мерењето.
- Во полето на сензорот (17) на задната страна на мерниот уред не лепете налепници или знаци. Особено знаците од метал влијаат врз мерните резултати.
Не носете ракавици за време на мерењето и обезбедете соодветно заземјување. Несоодветното заземјување може да го наруши препознавањето на струјни кабли.
За време на мерењето, избегнувајте да бидете во близина на уреди кои испуштаат силни електрични, магнетни или електромагнетни полиња, како што се мобилни телефони, лаптопи или таблети. Доколку е можно, деактивирајте ги соодветните функции кај сите уреди чие зрачење може да влијае на мерењето или исклучете ги уредите.