Отстранување
Електричните алати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Електричниот алат содржи масла и подмачкувачи. Фрлете го електричниот алат во согласност со важечките закони и прописи.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ѓубре!
Само за земјите од ЕУ:
Електричните алати кои повеќе не се употребливи и неисправни или користени акумулаторски батерии/батерии мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето поради можното присуство на опасни материи.