Дополнителна рачка
- Користете го Вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (4).
Дополнителната рачка (4) може да ја вртите по желба, за да може безбедно и неуморно да работите.
- Олабавете ја назабената навртка (5), навалете ја дополнителната дршка (4) во саканата позиција и повторно затегнете ја назабената навртка (5).
Дополнителната дршка (4) може да ја премонтирате.
- Притоа целосно одвртете ја назабената навртка (5) и потоа извлечете ја нагоре завртката со внатрешна шестаголна глава.
- Повлечете ја дополнителната дршка (4) странично и навалете го преостанатиот дел за затегање за 180°.
- Монтирајте ја дополнителната дршка (4) по обратен редослед.