Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат. Електричните алати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (3) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (5) е притиснат ова не е возможно.
Тек на десно: За дупчење и завртување на завртки притиснете го прекинувачот за промена на правецот на вртење (3) налево.
Тек на лево: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете на прекинувачот за менување на правецот на вртење (3) надесно.
- Прекинувачот за избор на брзина (8) може да го активирате во состојба на мирување или додека работи електричниот алат. Сепак тој не смее да се активира при целосно оптоварување или максимален број на вртежи.
Со прекинувачот за избор на брзини (8) може да изберете 2 брзини.
Брзина I:
Низок обем на вртежи; за работење со голем дијаметар на дупчење или за навртување.
Брзина II:
Висок обем на вртежи; за работење со мал дијаметар на дупчење.
| Брзина | Максимален дијаметар на дупчење |
---|---|---|
1 | > 100 mm | |
2 | < 100 mm |
Не употребувајте крунести бургии во режим на ударно дупчење.
Поставете го прекинувачот (2) на ознаката „Дупчење“.
За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) и држете го притиснат.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување (5) притиснете го копчето за фиксирање (4).
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) одн. доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (4), кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) и потоа отпуштете го.
За да се ограничат високите реакциски моменти, електричниот алат е опремен со спојка за заштита од преоптоварување (анти-ротација).
- Доколку алатот што се вметнува се стегне или заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за дупчење. Електричниот алат секогаш држете го цврсто со двете дланки поради јачината со која работи и застанете во сигурна положба.
- Исклучете го електричниот алат и олабавете го алатот што се вметнува, доколку се блокира електричниот алат. Доколку вклучите блокиран алат за дупчење настануваат многу моменти на блокирање.
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (5).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (5) се постигнуваат мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.