Ставање во употреба

При работа на електричниот алат со мобилни произведувачи на струја (генератори), кои не располагаат со доволно резерви на јачина, одн. не располагаат со соодветна регулација на јачина, може да дојде до губење на јачината или нетипично однесување при вклучување.

Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот на струја, особено во поглед на мрежниот напон и фреквенција.

Вклучување/исклучување

(GWX 14-125 S / GWX 17-125 S)

За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) нанапред.

За фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (4) притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) нанапред надолу додека не се вклопи.

За да го исклучите електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) наназад надолу и потоа ослободете го.

Вклучување/исклучување

(GWX 17-125 PSB)

За ставање во употреба на електричниот алат, најпрво притиснете ја наназад рачката за ослободување (8) и потоа притиснете го нагоре прекинувачот за вклучување/исклучување (4).

За да го исклучите, електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4).