Совети при работењето
Со граничникот за длабочина (20) може да се утврди длабочината на дупчење X.
- Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина (18) и поставете го граничникот за длабочина во дополнителната рачка (19).
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (20) мора да покажува надолу. - Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во прифатот за алат SDS-plus (3). Инаку, доколку SDS-plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно подесување на длабочината на дупчење.
- Извлечете го граничникот за длабочина до степен што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина ќе одговара на саканата длабочина на дупчење X.
- Доколку алатот што се вметнува се стегне или заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за дупчење. Електричниот алат секогаш држете го цврсто со двете дланки поради јачината со која работи и застанете во сигурна положба.
- Исклучете го електричниот алат и олабавете го алатот што се вметнува, доколку се блокира електричниот алат. Доколку вклучите блокиран алат за дупчење настануваат многу моменти на блокирање.
Брзото исклучување (KickBack Control) нуди подобра контрола на електричниот алат и со тоа ја зголемува заштитата при користење, во споредба со електричните алати без KickBack Control. При ненадејна и непредвидена ротација на електричниот алат околу оската за дупчење, тој се исклучува.
- За повторно ставање во употреба отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (13) и одново притиснете го.
Брзото исклучување е прикажано со трепкање работното светло (17) на електричниот алат.
EPC ви помага при дупчење и работење со удари во чувствителни материјали со постепено зголемување на бројот на работни вртежи за прецизна работа.
Притиснете го EPC-прекинувачот (8) во саканата позиција.
Позиција за максимален број на работни вртежи
Позиција за бавно замавнување и намален број на работни вртежи
- Електричниот алат ставете го на навртката/завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се превртат.
За користење на битовите за одвртувач потребен ви е универзален држач (29) со SDS-plus-вратило за прифат (опрема).
- Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за прифат и малку намастете го.
- Универзалниот држач ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
- Проверете дали е заклучена со влечење на универзалниот држач.
- Ставете еден бит за одвртувач на универзалниот држач. Користете само битови што се соодветни на главата за завртување.
- За вадење на универзалниот држач вметнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и извадете го универзалниот држач (29) од прифатот за алат.