Полнење на батеријата (види слика A)

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

За полнење на акумулаторските батерии, поврзете го USB-приклучокот за полнење преку USB-кабелот со мрежниот напојувач. Вметнете го приклучокот за мрежа во приклучницата.

Приказот за наполнетост на батеријата (8) истовремено е и работното светло. Приказот го прикажува напредокот на полнењето. За време на процесот на полнење, приказот трепка. Доколку приказот за наполнетост на батеријата (8) свети непрекинато, батеријата е целосно наполнета.

За време на процесот на полнење се затоплува рачката на електричниот алат. Ова е нормално. Доколку не го употребувате, извадете го полначот од струја. Електричниот алат не може да се користи за време на процесот на полнење; тој не е дефектен доколку не функционира за време на процесот на полнење. Внимавајте на напомените за отстранување.