Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат. Електричните алати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
- Активирајте го прекинувачот за менување на правецот на вртење (5) само кога електричниот алат е во мирување од.
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (5) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (7) е притиснат ова не е возможно.
Десен тек: За дупчење и навртување на завртки притиснете го прекинувачот за правец на вртење (5) на левата страна надолу и истовремено на десната страна нагоре.
Лев тек: За олабавување и одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за правец на вртење (5) на левата страна нагоре и истовремено на десната страна надолу.
- Прекинувач за избор на брзина (9) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.
Со прекинувачот за избор на брзини (9) може да изберете 2 брзини.
Брзина I:
Низок обем на вртежи; за завртување или работење со голем дијаметар на дупчење.
Брзина II:
Висок обем на вртежи; за работење со мал дијаметар на дупчење.
Доколку прекинувачот за менување брзини (9) не може да се навали до крај, свртете го малку погонското вратило со дупчалката.
За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) и држете го притиснат.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување (7) притиснете го копчето за фиксирање (6).
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) одн. доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (6), кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) и потоа отпуштете го.
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (7) се постигнуваат мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.