Автоматика за нивелирање
Преглед
Мерниот уред самостојно ја препознава хоризонталната одн. вертикалната положба. За менување меѓу хоризонтална и вертикална положба исклучете го мерниот уред, позиционирајте го одново и повторно вклучете го.
По вклучувањето, мерниот уред автоматски ја проверува хоризонталната одн. вертикалната положба и ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од околу ±8 % (±4,6°).
За време на нивелирањето, приказот за статус трепка (3) зелено, ласерот не ротира и трепка.
Мерниот уред е изнивелиран, штом приказот за статус (3) свети непрекинато зелено и ласерот свети непрекинато. По завршување на нивелирањето мерниот уред автоматски стартува во ротационен погон.
Доколку по вклучувањето или по промена на положбата, мерниот уред стои повеќе од 8 % косо, нивелирањето не е повеќе можно. Во овој случај, роторот ќе запре, ласерот трепка и приказот за статус (3) свети непрекинато црвено.
Одново позиционирајте го мерниот уред и почекајте за нивелирање. Без одново позиционирање, по 2 min автоматски се исклучува ласерот и по 2 h мерниот уред.
Доколку мерниот уред е изнивелиран, постојано се проверува хоризонталната одн. вертикалната положба. При промени во положбата, автоматски се врши нивелирање. За избегнување на погрешни мерења, за време на процесот на нивелирање, роторот стопира, ласерот трепка и приказот за статус (3) трепка зелено.
Функција за предупредување за удар
Мерниот уред има функција за предупредување за удар. При промени на положбата одн. потреси на мерниот уред или при вибрации на подлогата го спречува нивелирањето во променета позиција и со тоа и грешките поради поместување на уредот.
Вклучување/активирање на предупредувањето за удар: притиснете го копчето предупредување за удар (2). Приказот за предупредување за удар (1) свети постојано зелено. Предупредувањето за удар се активира 30 s по вклучувањето на предупредување за удар.
Активирање на предупредување за удар: Доколку при промена на положбата на мерниот уред се пречекори полето на точност на нивелирање или се регистрира јак потрес, се активира предупредувањето за удар: Ротацијата на ласерот запира, ласерскиот зрак трепка, приказот за статус се гаси (3) и приказот за предупредување за удар (1) трепка црвено.
Актуелниот начин на работа се зачувува.
При активирано предупредување за удар, притиснете го копчето за предупредување за удар (2) на мерниот уред или копчето за ресетирање на предупредувањето за удар (22) на далечинскиот управувач. Функцијата за предупредување за удар одново ќе се стартува и мерниот уред започнува со нивелирање. Штом ќе се изнивелира мерниот уред (приказот за статус (3) свети непрекинато зелено), тој стартува во зачуваниот начин на работа.
Сега проверете ја позицијата на ласерскиот зрак на референтна точка и коригирајте ја висината одн. израмнувањето на мерниот уред ако е потребно.
Доколку при активирано предупредување за удар, функцијата не стартува одново со притискање на копчето за предупредување за удар (2), на мерниот уред или на копчето за ресетирање на предупредувањето за удар (22) на далечинскиот управувач, по 2 min се исклучува ласерот и по 2 h мерниот уред.
Исклучување на функција за предупредување за удар: притиснете го копчето за предупредување за удар (2) еднаш, одн. при активирано предупредување за удар (приказот за предупредување на удар (1) трепка црвено) двапати. Кога е исклучено предупредувањето за удар, се гаси приказот за предупредување за удар.
Напомена: со далечинскиот управувач, функцијата за предупредување за удар не може да се вклучи или исклучи, туку може само одново да се стартува по активирањето.