Ставање/менување на сечилото за кружна пила
- Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- При ставањето на сечилото за пила носете заштитни ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила постои опасност од повреда.
- Користете само листови на пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за користење и на електричниот алат или се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
- Дозволениот број на вртежи на алатот што се вметнува мора да биде најмалку исто толку висок како највисокиот број на вртежи наведен на електричниот алат. Приборот кој се врти побрзо од дозволеното може да се скрши и да летне од алатот.
- Во никој случај не користете дискови за брусење како алат за вметнување.
При замена на алатот, најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна од куќиштето на моторот.
- Притиснете го копчето за блокада на вретеното (10) и држете го притиснато.
- Копчето за блокирање на вретеното (10) активирајте го само доколку вретеното на пилата е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се оштети.
- Со клуч со внатрешна шестаголна глава (31) одвртете ја затезната завртка (29) во правец на вртење ➊.
- Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак (12) и држете го цврсто.
- Извадете ја стезната прирабница (28) и сечилото за пилата (27) од вретеното на пилата (25).
При замена на алатот, најдобро е да го поставите електричниот алат на челната страна од куќиштето на моторот.
- Исчистете го сечилото за пила (27) и сите стезни делови што се монтираат.
- Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак (12) и држете го цврсто.
- Поставете го сечилото за пила (27) на приклучната прирабница (26). Правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да одговара на стрелката за правец на вртење на осцилаторниот заштитен капак (12).
- Поставете ја стезната прирабница (28) и затегнете ја затезната завртка (29) во правец на вртење ➋. Внимавајте на правилна положба на монтирање на приклучната прирабница (26) и стезната прирабница (28).
- Притиснете го копчето за блокада на вретеното (10) и држете го притиснато.
- Со клуч со внатрешна шестаголна глава (31) затегнете ја стезната завртка (29) во правец на вртење ➋. Затезниот момент треба да изнесува 6–9 Nm, што одговара на рачно затегнување плус ¼ вртење.