Ставање во употреба

За ставање во употреба на електричниот алат најпрво активирајте ја блокадата при вклучување (1) и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) и држете го притиснат.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2).

Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (2) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.

Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе.

GKS 18V-68 GC

Ако го користите електричниот алат во еко-режим што штеди енергија, времетраењето на батеријата може да се продолжи до 30 %.

Ако еко-режимот е активен, на приказот за степен на вртежи/режимот (37) ќе се прикаже ознаката E.

GKS 18V-68 GC

Корисничкиот интерфејс (3) служи за избирање на бројот на вртежи, како и за прикажување на состојбата на електричниот алат.

GKS 18V-68 GC

Во основната поставка претходно се поставени 6 степени на вртежи и еко-режимот. Преку специјална апликација (Bosch Toolbox App) може да се програмираат 2 до 6 степени на вртежи.

Следната табела ги прикажува претходно подесените степени на вртежи (основни поставки) за секој програмиран број на степени.

Основна поставка за број на вртежи при степен

1

2

3

4

5

6

[min-1]

[min-1]

[min-1]

[min-1]

[min-1]

[min-1]

Број на степени на вртежи

Еко

3630A)

2

2500

5000

3

2500

3800

5000

4

2500

3300

4200

5000

5

2500

3100

3800

4400

5000

6

2500

3000

3500

4000

4500

5000

A)

±25 %

Со копчето за избор на број на вртежи (36) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на работата.

GKS 18V-68 GC

Приказ за наполнетост на батеријата (Кориснички интерфејс) (34)

Значење/Причина

Решение

Зелено (2 до 5 греди)

Батеријата е полна

Жолто (1 греда)

Батеријата е речиси празна

Наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Црвено (1 греда)

Батеријата е празна

Заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Приказ за температура (40)

Значење/Причина

Решение

жолто

Достигната е критична температура (мотор, електроника, батерија)

Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади

црвено

Електричниот алат е прегреан и се исклучува

Оставете го електричниот алат да се олади

Приказ за статусот на електричниот алат (39)

Значење/Причина

Решение

зелено

Статус OK

жолто

Достигната е критичната температура или батеријата е речиси празна

Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади или наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата

црвено

Електричниот алат е прегреан или батеријата е празна

Оставете да се олади електричниот алат или заменете ја одн. наполнете ја батеријата

трепка црвено

Заштитата од рестартирање е активирана

Исклучете го и повторно вклучете го електричниот алат ев. извадете ја батеријата и повторно ставете ја.

GKS 18V-68 GC

Во поврзување со Bluetooth® Low Energy GCY 42 модулот на располагање ги имате следните Connectivity-функции за електричниот алат:

  • Регистрирање и персонализирање
  • Проверка на статусот, издавање на пораки за предупредување
  • Општи информации и подесувања
  • Управување
  • Поставка на степени на вртежи

Со користење на Bluetooth®-безжичната технологија може да бидат достапни дополнителни информации на поврзаниот мобилен уред во зависност од приказот Статус на електричниот алат (39).

За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 42 прочитајте го соодветното упатство за употреба.

GKS 18V-68 C

Во поврзување со Bluetooth® Low Energy GCY 42 модулот на располагање ги имате следните функции на поврзување за електричниот алат:

  • Регистрирање и персонализирање
  • Проверка на статусот, издавање на пораки за предупредување
  • Општи информации
  • Управување

За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 42 прочитајте го соодветното упатство за употреба.