Замена на брусен диск (види слика B)
Напомена: Веднаш заменете ги оштетените брусни дискови (16).
Извлечете го брусниот лист (13) и средната подлога (14). Целосно одвртете ја завртката (15) и извадете го брусниот диск (16). Ставете го новиот брусен диск (16) и повторно затегнете ја завртката.
Напомена: При поставувањето на брусниот диск внимавајте на тоа, запците на зафаќачот да се вклопат во отворите на брусниот диск.
Напомена: Оштетениот носач на брусен диск смее да се замени само од овластена сервисна служба за електрични алати на Bosch.