Ознаки

Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.

Ознаки и нивно значење

Класа 1
Потрошувачки ласерски производ

Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со сечилото за пила постои опасност од повреда.

Носете заштитни очила.

Носете маска за заштита од прав.

Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот.

Опасна зона! Држете ги дланките, прстите или рацете колку е можно подалеку од оваа зона.

Ги прикажува претходно поставените степени на брзина.

 

При сечење на вертикални агли на закосување подесливите гранични водилки мора да се повлечат сосема нанадвор одн. целосно да се отстранат.

‎ ‎3 601 M47 0..‎

‎ ‎3 601 M47 0B.‎

Внимавајте на димензиите на сечилото за пила. Дијаметарот на отворот мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирни делови, внимавајте димензиите на редуцирниот дел да одговараат на дебелината на сечилото за сечење и на дијаметарот на отворот на сечилото за пила, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со листот за пилата користете ги испорачаните редуцирни делови.

Дијаметарот на сечилото за пила мора да одговара на податоците на ознаката.

Го покажува правецот на вртење на SDS-болцната за прицврстување на сечилото за пила (во правец спротивен на стрелките на часовникот) и за ослободување на сечилото за пила (во правец на стрелките на часовникот).