Транспортен осигурувач (види слика F)
Транспортниот осигурувач (38) Ви овозможува лесно ракување со електричниот алат при транспорт на различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна позиција)
- Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (9), за да го ослободи транспортниот осигурувач (38).
- Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот осигурувач (38).
- Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за транспорт)
- Олабавете ја завртката за фиксирање (36), ако го заглавува механизмот за влечење (1). Извлечете го кракот на алатот целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за фиксирање за блокирање на механизмот за влечење.
- Завртете ја завртката за подесување (4) сосема нагоре.
- За фиксирање на масата за пила (17) затегнете го копчето за фиксирање (22).
- Повлечете го кракот на алатот на рачката (9) надолу, додека транспортниот осигурувач (38) целосно не се притисне навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.