Кориснички интерфејс и функции на поврзување
Корисничкиот интерфејс (37) служи за претходно избирање на бројот на вртежи, за вклучување и исклучување на ласерот и работното светло, како и за прикажување на состојбата на електричниот алат.
Напомена: Копчињата за претходно избирање на бројот на вртежи (56) и за вклучување/исклучување на ласерот/работното светло (54) се активни ако електричниот алат е исклучен или е во празен од.
Eco-режим и 3 степени на вртежи се претходно поставени.
Степен на број на вртежи | Број на вртежи [min-1] | Материјал |
---|---|---|
Еко | 2500 | |
1 | 3000 | Алуминиум |
2 | 3800 | Пластика или ПВЦ |
3 | 4500 | Дрво |
Податоците за материјал во табелата се препораки.
Ако се сече со фабрички претходно поставен број на вртежи, приказот Степен на вртежи/Режим (56) свети бело.
Со копчето за претходно избирање на број на вртежи (56) можете да поставите број на вртежи и за време на работата.
Ако се сече со индивидуално поставен број на вртежи, приказот Степен на вртежи/Режим (56) свети сино.
Приказ за статусот на електричниот алат (51) | Значење/Причина | Решение |
---|---|---|
Зелено | Статус OK | – |
Жолто | Достигната е критичната температура или батеријата е речиси празна | Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади или наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
Црвено | Електричниот алат е прегреан или батеријата е празна | Оставете да се олади електричниот алат или заменете ја одн. наполнете ја батеријата |
Трепка црвено | Заштитата од рестартирање е активирана | Исклучете го и повторно вклучете го електричниот алат ев. извадете ја батеријата и повторно ставете ја. |
Трепка сино | Електричниот алат е поврзан со мобилен уред или поставките се пренесуваат | – |
Приказ за температура (49) | Значење/Причина | Решение |
---|---|---|
жолто | Достигната е критична температура (мотор, електроника, батерија) | Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади |
црвено | Електричниот алат е прегреан и се исклучува | Оставете го електричниот алат да се олади |
Притискајте го копчето Вклучување/исклучување на ласер/работно светло (54) додека не светнат саканите прикази за ласер (52) и/или работно светло (53).
Приказ за ласер (52) и приказ за работно светло (53) | Значење |
---|---|
| |
| |
| |
|
Во поврзување со Bluetooth® Low Energy GCY 42 модулот на располагање ги имате следните функции на поврзување за електричниот алат:
- Регистрирање и персонализирање
- Проверка на статусот, издавање на пораки за предупредување
- Општи информации и подесувања
- Управување
- Поставка на степени на вртежи
За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 42 прочитајте го соодветното упатство за употреба.
Приказот за паметен телефон свети, ако електричниот алат има испратено информација на мобилен уред (на пр. предупредување за температура) со помош на Bluetooth® радио технологијата.