Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
- Пред употребата проверете ги брусните плочи за сечење. Брусната плоча за сечење мора да биде монтирана беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку 30 секунди, без оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни или брусни плочи за сечење што вибрираат. Оштетените брусни плочи за сечење може да пукнат и да предизвикаат повреди.
Позиција на корисникот (види слика F)
- Не се поставувајте во линија со брусната плоча за сечење пред електричниот алат, туку секогаш бидете странично од брусната плоча за сечење. Со тоа се штити Вашето тело од можни скршени делови при кршење на брусна плоча за сечење.
Вклучување и исклучување
- За ставање во употреба притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1) и држете го притиснат.
- За исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1).