Совети при работењето
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
- Не го оставајте електричниот алат на страна. Со тоа може трајно да се деформира брусниот диск.
- Електричниот алат не е погоден за стационарна употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на менгеме или на работна клупа.
Вклучете го електричниот алат, поставете го со целата површина за брусење на подлогата што се обработува и движете го со благ притисок преку парчето што го обработувате.
Капацитетот на отстранување и изгледот во главно се одредуваат според изборот на брусниот лист, степенот на избраниот број на осцилации и притисокот на површината.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат за добар капацитет на брусење и одржување на електричниот алат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз површината не води кон зголемен капацитет на брусење, туку кон поголемо изабување на електричниот алат и предвремено откажување на брусната плоча.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch брусна опрема.
Поставете брусен лист со фина гранулација.
Со мала варијација на притисокот одн. промена на степенот на број на осцилации може да го намалите бројот на осцилации на брусниот диск, при што се задржува ексцентричното движење.
Движете го електричниот алат со рамномерен притисок кружно по површината или наизменично по должина или попречно на делот што се обработува. Не го накосувајте електричниот алат, за да го избегнете брусењето низ делот што се обработува, на пр. фурнир.
По завршување на работниот процес исклучете го електричниот алат.
Напомена: При полирање може да ја извадите цевката за издувување (3), за полесно да ракувате со уредот и да не го оштетите делот што се обработува.
За полирање на лакови оштетени од времето или полирање на гребнатини (на пр. акрилно стакло) електричниот алат може да се опреми со соодветните алати за полирање како јагнешко крзно за полирање, филц или сунѓер за полирање (опрема).
При полирањето изберете низок број на осцилации (степен 1 –2), за да избегнете прекумерно загревање на површината.
Доколку сакате да полирате, нанесете ја политурата на помала површина. Средството за полирање нанесете го со соодветен алат за полирање со вкрстени и кружни движења и масивен притисок.
Оставете да се осуши средството за полирање на површината, инаку таа би можела да се оштети. Никогаш не ја изложувајте исполираната површина на директни сончеви зраци.
Редовно чистете ги алатите за полирање, за да обезбедите добри резултати од полирањето. Исперете ги алатите за полирање со благ детергент и топла вода, не користете средства за разредување.
Редовно чистете ги млазниците за издувување (4), за да загарантирате перфектно отстранување на прав за следните брусења.