Далечинско управување преку „Bosch Levelling Remote App“
Мерниот уред е опремен со Bluetooth®-модул, којшто со помош на безжична технологија дозволува далечинско управување со помош на паметен телефон со Bluetooth®-интерфејс.
За користење на оваа функција потребна е апликацијата (App) „Bosch Levelling Remote App“. Неа можете да ја преземете од соодветниот App-Store во зависност од крајниот уред (Apple App Store, Google Play Store).
Информации за потребните системски предуслови за Bluetooth®-врска ќе најдете на интернет страната на Bosch на www.bosch-pt.com.
При далечинско управување со помош на Bluetooth® може да настанат временски одложувања помеѓу мобилниот и мерниот уред поради лоши услови за прием.
Вклучете го Bluetooth®
За вклучување на Bluetooth® за далечинско управување, притиснете го Bluetooth®-копчето (9). Проверете дали Bluetooth®-интерфејсот е активиран на вашиот мобилен уред.
По старт на Bosch-апликацијата се воспоставува врска помеѓу мобилниот и мерниот уред. Доколку се пронајдени повеќе активни мерни уреди, изберете го соодветниот мерен уред. Доколку е пронајден само еден активен мерен уред, се воспоставува автоматска врска.
Поврзувањето се воспоставува, кога Bluetooth®-приказот (8) свети.
Bluetooth®-поврзувањето може да се прекине поради големото растојание или пречки помеѓу мерниот и мобилниот уред, како и поради електромагнетски извори на пречки. Во овој случај трепка Bluetooth®-приказот (8).
Исклучување на Bluetooth®
За Bluetooth® за далечинското управување, притиснете на Bluetooth®-копчето (9) или исклучете го мерниот уред.