Замена на HSS-сечилото на рендето
- Внимавајте при замената на секачот на рендето. Не го фаќајте секачот на рендето на рабовите за сечење. Може да се повредите од острите рабови за сечење.
- За да го замените сечилото на рендето свртете ја главата на сечилото (16), додека стезната челуст (15) не се постави паралелно кон подлогата на рендето (11).
- Одвртете ги 3-те завртки за прицврстување (14) со T-насаден клуч (13) и извадете ја стезната челуст (15).
- Извадете го заштитниот држач (19) заедно со сечилото на рендето (18) од главата на сечилото (16) одн. водечкиот жлеб (17).
- Свртете ја главата на сечилото за 180° и демонтирајте го 2-то сечило на рендето.
Напомена: Пред замената одн. дополнителното острење на сечилото на рендето извадете го заштитниот држач (19) со олабавување на завртката за прицврстување (20).
Со користење на справата за острење (21) (опрема) и обичен брусен камен може да ги наострите искористените одн. тапите HSS-сечила на рендето.
Ставете ги двете сечила на рендето во справата за острење и прицврстете ги со пеперутка-завртката. Двете сечила на рендето треба да се вметнати до крај.
Рамномерно движете ги сечилата на рендето поставени во справата за острење и со лесен притисок над брусниот камен.
Напомена: Сечилата на рендето смеат да се избрусат за максимум 6 mm на најмала ширина од 23 mm. Потоа двете сечила мора да се заменат.
Пред повторното ставање на нови односно дополнително избрусени сечила на рендето, исчистете ја главата на сечилото (16) и ев. сечилото на рендето (18) и заштитниот држач (19). Засмолените сечила на рендето исчистете ги со алкохол или петролеј.
Напомена: пред монтажата новите одн. дополнително избрусените сечила на рендето мора секогаш да бидат подесени на правилната висина.
За подесување на висината на сечилата на рендето служи мерилото за подесување (22) (опрема). Поставете го сечилото на рендето (18) и заштитниот држач (19) на мерилото за подесување. Заштитниот држач (19) мора да влегува во жлебот предвиден за тоа. Притиснете на сечилото на рендето (18) наспроти граничникот и фиксирајте го заштитниот држач (19) во оваа позиција со завртката за прицврстување (20). На тој начин автоматски ќе се постигне правилно подесување на висината.
Сечилото на рендето мора да се вгради во средината на подлогата на рендето (11) и да се центрира. На крај затегнете ги 3-те завртки за прицврстување (14) со T-насаден клуч (13). Притоа придржувајте се до наведениот редослед на затегнување на стезната челуст (15) (①②③).
Напомена: Пред да почнете со работа, проверете дали завртките за прицврстување (14) се добро вметнати. Рачно свртете ја главата на сечилото (16) и проверете дали сечилото на рендето се трие на некое место.