Одржување и чистење
- Извадете ја батеријата, пред одржувањето или чистењето на всисувачот, пред да направите на поставки на уредот, замена на деловите или тргање на всисувачот настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на всисувачот.
- Одржувајте ја чистотата на всисувачот и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Повремено исчистете го куќиштето на всисувачот со влажна крпа.
Исчистете ги извалканите контакти за полнење со сува крпа.
Исчистете го садот (6) по секоја употреба, за да го одржите оптималниот перформанс на всисувачот.
- Држете го всисувачот над соодветен сад за отпад.
- Притиснете на копчето за отклучување (7) за отворање на поклопецот за отпад (8).
- Истресете го садот за прав (6).
- Затворете го поклопецот за отпад (8) така што звучно ќе се вклопи.
- Доколку е потребно, испразнете го филтерот за груба нечистотија (1) и исчистете ја ротирачката единица за проток на воздух (17) и филтерот (16).
- Држете го всисувачот малку надолу како што е прикажано за да не може да испадне прав од садот за прав при отворање на всисувачот.
- Притиснете го копчето за отклучување (2) и извадете го садот за прав (6) од куќиштето на моторот (5) (види слика E1).
- Фатете ги рачките за филтерот (15) и повлечете ја ротирачката единица за проток на воздух (17) со филтерот (16) од садот за прав (6) (види слика E2).
- Истресете го садот за прав (6) и ротирачката единица за проток на воздух (17) над соодветен сад за отпад (види слика E3).
- Вметнете ја повторно ротирачката единица за проток на воздух (17) со филтерот во садот за прав (6).
- Притиснете го окцето за заклучување (18) кон нагоре и извадете го филтерот (16) (види слики F1–F2).
- Лесно тропнете со филтерот на цврста подлога, за да падне правта. Заменете го оштетениот филтер.
- Поставете го исчистениот филтер (16) во ротирачката единица за проток на воздух (17).
- Закачете го садот за прав (6) долу во куќиштето на моторот (5). Оставете го садот за прав под слаб притисок звучно да се вклопи во куќиштето на моторот.
За оптимална јачина на всисувачот редовно празнете го садот за прав (6) и филтерот за груба нечистотија (1) и редовно чистете ја ротирачката единица за проток на воздух (17) и филтерот (16).
Проверете при недоволна јачина на всисување:
- Дали е садот за прав (6) полн?
▷ Испразнете го садот за прав. - Дали филтерот за груба нечистотија (1) е запушен со отпад?
▷ Испразнете го филтерот за груба нечистотија. - Дали ротирачката единица за проток на воздух (17) или филтерот (16) се запушени со прав?
▷ Исчистете ги ротирачката единица за проток на воздух и филтерот. - Дали е преслаб капацитетот на батеријата (4)?
▷ Наполнете ја батеријата.
Доколку и понатаму не може да се постигне јачина на всисување, обратете се кај Bosch-сервисната служба.