Ставање во употреба

  • Преклопете го сигурносниот поклопец (19) нагоре.
  • За ставање во употреба, притиснете на зеленото копче за вклучување ‎(25)‎ .
  • Оставете го сигурносниот поклопец (19) повторно да падне надолу.

  • Притиснете на сигурносниот поклопец (19).

Електричниот алат е опремен со заштита од преоптоварување. Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При прејако оптоварување електрониката на електричниот алат се исклучува.

Спроведете ги следните чекори пред повторно да почнете да работите со електричниот алат:

  • Оставете електричниот алат да се олади минимум 10 минути.
  • Притиснете го копчето за одново стартување (26) и потоа вклучете го електричниот алат.

Прекинувачот за вклучување-исклучување е таканаречен прекинувач за нулта напон, кој спречува рестартирање на електричниот алат по прекин на струја (на пр. извлекување на струјниот кабел за време на работата).
За да може повторно да го користите електричниот алат, одново притиснете на зеленото копче за вклучување ‎(25)‎ .