Ставање во употреба

Вклучување/исклучување

За вклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (12) во позиција  On (за работење со осцилаторна блокада) или во позиција  On (за работење со автоматика за нивелирање). Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта ласерски линии од излезните отвори (1).

За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (12) во позиција Off. При исклучување, осцилирачката единица се блокира.

При надминување на највисоката дозволена работна температура од 40 °C се исклучува заради заштита на ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.

Деактивирање на автоматиката за исклучување

Доколку околу 30 мин. не се притисне ниедно копче на мерниот уред, тој се исклучува автоматски заради заштита на батериите.

За да ја деактивирате автоматиката за исклучување, при вклучување на мерниот уред држете го притиснато копчето за режим на работа на ласерот (4) 3 s. Доколку автоматиката за исклучување е деактивирана, ласерските зраци кратко трепкаат по 3 s.

За да го активирате автоматското исклучување, исклучете го мерниот уред и повторно вклучете го (без притиснато копче за режим на работа на ласерот (4)).